ИНДИЕЦ ТРГНА СО ВЕЛОСИПЕД НА МУНДИЈАЛОТ ВО РУСИЈА ЗА ДА ГО ЗАПОЗНАЕ ЛЕО МЕСИ

    ИНДИЕЦ ТРГНА СО ВЕЛОСИПЕД НА МУНДИЈАЛОТ ВО РУСИЈА ЗА ДА ГО ЗАПОЗНАЕ ЛЕО МЕСИКлифин Френсис го почнал своето епско патување на 23 февруари и мора да стигне во Москва до 26 јуни, кога играат Франција-Данска

    Клифин Френсис имаше голема желба да оди во Русија за да го гледа Светското првенство, но како повремен професор по математика кој дневно заработува до 40 долари, не знаеше како би можел да си дозволи авионски карти од индискиот град Керала, во којшто живее.

    „Сфатив дека не би имал доволно пари за пат до Русија и за едномесечен престој таму. Затоа се запрашав кој е најевтиниот вид на превоз. Одговорот беше велосипед“, вели Френсис.

    Пријателите не му веруваа, но тој не се откажуваше од својот луд потфат.

    Тој го почнал своето епско патување на 23 февруари, при што летал до Дубаи, а оттаму со ферибот стигнал во Иран. Потоа му останале уште 4.200 километри до Москва, само со велосипед. Наградата на крајот е можноста да го види Лео Меси.

    „Сакам да возам велосипед и луд сум по фудбал. Едноставно ги искомбинирав моите две најголеми страсти“.

    Првично планирал да оди преку Пакистан, но се откажал поради напнатите односи со Индија.

    „Промената на планот ме чинеше многу, затоа што во Дубаи морав да си купам нов велосипед за 700 долари. Не беше најдобриот за долги патувања, но таков можев да си дозволам. Имав само десет долари на ден за трошење“.

    По Иран, стигнал во Азербејџан, но таму имал проблеми да го докаже својот идентитет, откако значително ослабнал од постојаното возење.

    „Воопшто не изгледав како на сликата во пасошот. На полицијата ѝ требаа осум часа да ги потврди податоците, но беа љубезни со мене“.

    Откако необјасниво му бил одбиен влезот во Грузија, успеал преку Азербејџан да влезе во рускиот регион Дагестан, несвесен дека тоа што го прави не е безбедно.

    Френсис е во трка со времето, бидејќи мора да стигне во Москва до 26 јуни, кога играат Франција и Данска.

    „Тоа е единствениот меч за кој успеав да најдам карта. Но, јас го обожавам Лео Меси. Сакам да го запознам и да ми се потпише на велосипедот“.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира