ИРАНКИТЕ ПО 40 ГОДИНИ ПРВПАТ ГЛЕДАА ФУДБАЛСКИ НАТПРЕВАР НА СТАДИОН

    ИРАНКИТЕ ПО 40 ГОДИНИ ПРВПАТ ГЛЕДАА ФУДБАЛСКИ НАТПРЕВАР НА СТАДИОНПовеќе од 4.500 жени дојдоа да ја поддржат иранската репрезентација на средбата со Камбоџа (Фото: Гети)

    За првпат од Исламската револуција во 1979 година, на Иранките им беше дозволено да гледаат фудбалски натпревар од трибини.

    Повеќе од 4.500 жени дојдоа да ја поддржат својата репрезентација на средбата со Камбоџа, што се играше во рамките на квалификациите за Светското првенство во 2022 година. Иран славеше со 14:0 на стадионот „Азади“ во Техеран, каде што навивачките беа сместени во посебна секција.

    „Се забавувавме три часа, некои и плачеа од среќа. Дочекав да го доживеам ова искуство и среќна сум што на трибините имаше многу млади жени“, напиша една Иранка на Твитер.

    Иран конечно им дозволи на жените да влезат на стадион откако ФИФА му се закани со суспензија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира