ЈИРГЕН КЛОП НАЗНАЧЕН ЗА СЕЛЕКТОР НА ГЕРМАНИЈА

    ЈИРГЕН КЛОП НАЗНАЧЕН ЗА СЕЛЕКТОР НА ГЕРМАНИЈАКлоп ќе го има своето деби на 24 септември против Холандија во Лигата на нации (Фото: ДПА)

    Јирген Клоп ѝ се враќа на тренерската работа откако денеска беше назначен за нов селектор на германската фудбалска репрезентација. Германската фудбалска федерација објави дека тој потпишал договор до 2030 година, што ги опфаќа и квалификациите за следното Светско првенство.

    Педесет и деветгодишниот Клоп ја презема функцијата од Јулијан Нагелсман, кој поднесе оставка по елиминацијата на Германија во осминафиналето на Мундијалот во САД, Канада и Мексико.

    Тој ќе го има своето деби на 24 септември против Холандија во Лигата на нации.

    Клоп паузираше од фудбалот откако го напушти Ливерпул на крајот од сезоната 2023/24. Неколку месеци потоа беше назначен за шеф на глобалниот фудбал во „Ред бул“, работејќи во позадина, а за време на СП беше ангажиран како ТВ-коментатор.

    Тој е 13. селектор на германската репрезентација, која нема победа во нокаут-фазата на светските првенства откако ја освои титулата во 2014 година.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира