КАЛИН ИВАНОВСКИ ПОРАЗЕН ВО ЧЕТВРТФИНАЛЕТО НА ЈУНИОРСКИОТ ВИМБЛДОН

    КАЛИН ИВАНОВСКИ ПОРАЗЕН ВО ЧЕТВРТФИНАЛЕТО НА ЈУНИОРСКИОТ ВИМБЛДОНИвановски изгуби од Шпанецот Роденас по два часа игра

    Младиот македонски тенисер Калин Ивановски не успеа да се пласира во полуфиналето на јуниорскиот Вимблдон откако денеска изгуби од Шпанецот Педро Роденас со 6:3, 6:7, 4:6.

    Ивановски го доби првиот сет за 25 минути, па во вториот направи голем пресврт откако противникот сервираше при водство од 5:1 во гемови. Сетот на крајот се решаваше во тај-брејк, што му припадна на Роденас.

    Шпанецот направи два брејка во третиот сет, наспроти еден на Ивановски, што му ја донесе победата по нешто повеќе од два часа игра.

    На патот до најдобрите осуммина Ивановски ги елиминираше Британецот Пау, Мексиканецот Пачеко и Литванецот Бутвилас.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира