КАРАТИСТОТ ЕМИЛ ПАВЛОВ ОСВОИ БРОНЗА НА ЕВРОПСКИОТ ШАМПИОНАТ ВО ШПАНИЈА

    КАРАТИСТОТ ЕМИЛ ПАВЛОВ ОСВОИ БРОНЗА НА ЕВРОПСКИОТ ШАМПИОНАТ ВО ШПАНИЈА„Реков дека голем успех за мене ќе биде медал од Европското првенство во Шпанија и во тоа успеав. Им благодарам на тренерите Сашко и Жарко Арсовски“, вели Павлов. (Фото: СДК.МК)

    Каратистот Емил Павлов на Европското првенство во Шпанија го освои бронзениот медал и е единствениот македонски претставник што од Гвадалахара се враќа со медал.

    Во борбата за третото место, Павлов го победи романскиот репрезентативец Флорин Гоголоси со извонреден пресврт. Тој успеа од негатива со 0:2 во поени, мечот да го доведе во своја корист и на крајот да победи со 3:2.

    „Павлов претходно беше поразен од светските шампиони, Словакот Адлер и Русинот Пласхутин, морам да кажам со мала помош на судиите, но со победите над србинот Марко Антиќ и црногорецот Ненад Дуловиќ успеа да обезбеди пласман за бронзата и на крајот во тоа успеа. Со една извонредна борба го победи романскиот противник и го освои медалот“, вели тренерот Сашко Арсовски.

    По враќањето од Шпанија, Емил Павлов веќе ги продолжува натпрерварите во рамките за олимписката норма за Токио, а претходница на тоа се претстојните европски игри во Минск, Белорусија.

    Т. ЈОВАНОВСКИ

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари