КАРАТИСТОТ ЕМИЛ ПАВЛОВ ОСВОИ СРЕБРО НА СВЕТСКОТО ПРВЕНСТВО ВО ДУБАИ

    КАРАТИСТОТ ЕМИЛ ПАВЛОВ ОСВОИ СРЕБРО НА СВЕТСКОТО ПРВЕНСТВО ВО ДУБАИПавлов загуби во финалето од актуелниот олимписки и светски шампион

    Емил Павлов го освои сребрениот медел на Светското првенство во карате во Дубаи, со што го оствари најголемиот успех на македонското карате.

    Во категоријата до 67 килограми, Павлов загуби во финалето од актуелниот олимписки и светски шампион, Французинот Стивен де Коста. Претходно, Павлов имаше победи над претставници на Словачка, Узбекистан, Јордан и Египет, додека во полуфиналето го совлада Унгарецот Мартијан Тадиси.

    „Со пласманот во финалето на ова Светско првенство, на кое учествуваа над 1.500 каратисти од 157 земји, ние остваривме повеќе од планираното, па така за нас, сребрениот медела е со златен сјај“, рекое Павлов и неговите тренери Сашко и Жарко Арсовски, кој на Светското првенство во Белград пред една деценија освои бронза.

    Павлов и Жарко Арсовски во Дубаи учествуваа и за репрезентацијата на Македонија, која го освои седмото место.

    Т. ЈОВАНОВСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира