КАРАТИСТОТ ПАВЛОВ ВО ПАРИЗ ЌЕ СЕ ОБИДЕ ДА ЈА ОСТВАРИ ОЛИМПИСКАТА НОРМА ЗА ТОКИО

    КАРАТИСТОТ ПАВЛОВ ВО ПАРИЗ ЌЕ СЕ ОБИДЕ ДА ЈА ОСТВАРИ ОЛИМПИСКАТА НОРМА ЗА ТОКИОЗа да се пласира на ЛОИ, на турнирите во Париз Павлов ќе мора да биде меѓу најдобрите четворица (Фото: СДК.МК)

    Емил Павлов, најдобриот македонски каратист кој неодамна во Москва освои злато, ја продолжи борбата за норма за Олимписките игри во Токио. Во второто коло од Премиерлигата, што се одржа во Мадрид, тој забележа една победа и еден пораз и не успеа да се пласира во финалето.

    „На стартот го победив Украинецот Хорс, но во второто коло, при резултат 1:1, судиите му ја доделија победата на поранешниот светски првак Бресе“, рече Павлов.

    Тој и неговиот тренер Сашко Арсовски се задоволни што и со овој настап ќе добијат нови поени, со што се подобрува пласманот во Светската лига, но, сепак, последната шанса за ЛОИ тие ја гледаат во последните два турнира во Париз.

    „Мојот сон е Олимпијадата во Токио. Верувам во себе и за тој голем сон имам уште две шанси. Ако бидам меѓу четворицата најдобри во Париз, мојот сон ќе се оствари“, вели Павлов.

    По Павлов, најмногу поени во Мадрид од македонските каратисти ќе освои Петар Заборски.

    Т. ЈОВАНОВСКИ

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари