ЌЕ СЕ ТЕСТИРАМЕ ВО ДРЖАВНА БОЛНИЦА, НЕ ИМ ВЕРУВАМЕ НА ТЕСТОВИТЕ НА „СИСТИНА“, ВЕЛАТ ОД ФУДБАЛСКИОТ ПРВОЛИГАШ ШКУПИ

    ЌЕ СЕ ТЕСТИРАМЕ ВО ДРЖАВНА БОЛНИЦА, НЕ ИМ ВЕРУВАМЕ НА ТЕСТОВИТЕ НА „СИСТИНА“, ВЕЛАТ ОД ФУДБАЛСКИОТ ПРВОЛИГАШ ШКУПИОд Синдикатот на фудбалери, кој организираше тестирање за фудбалерите,тренерите и стручните штабови од Првата лига преку „Аџибадем Систина“, велат дека Шкупи треба да биде пример дека и клубовите можат сами да организираат тестирање и им посакаа 100% негативни тестови. (Фото: ФК Шкупи)

    Фудбалскиот прволигаш Шкупи одби да ги тестира фудбалерите за КОВИД-19 со тестови на болницата „Аџибадем Систина“, кои што ги обезбеди Синдикатот на фудбалерите на Македонија (СФМ), со образложение дека сакаат сами да се тестираат во државна болница.

    „Ние како клуб не ги прифаќаме тестовите на болницата ‘Аџибадем Систина’, бидејќи не се прифатени од релевантните институции. Пред неколку дена побаравме да бидеме тестирани во Државната болница и чекаме да ни одредат датум за тестирањето. Оттаму, негираме дека Шкупи одбива да се тестира за КОВИД-19, туку само не прифаќаме тоа да биде направено во споменатата болница“, велат од клубот од Чаир.

    Од Синдикатот на фудбалери, кој организираше тестирање за фудбалерите,тренерите и стручните штабови од Првата лига, велат дека Шкупи треба да биде пример дека и клубовите можат сами да организираат тестирање и им посакаа 100% негативни тестови.

    Претходно, од Синдикатот на фудбалери соопштија дека денеска мобилна екипа на „Аџибадем Систина“ била да тестира во Вардар, а за утре имале закажано тестирање во Шкупи, меѓутоа во последен момент им било откажано од нивна страна со образложение дека тие не веруваат во овие тестови. Од Синдикатот на фудбалери рекоа и дека Струга Трим Лум исто одбил да се тестира меѓутоа најавиле дека тестови ќе направат некаде во државните болници.

    „Во име на СФМ ве замолуваме да не нè ставате во никакви комбинации и нечесни игри. До нас допре глас дека сме била во некаква ‘игра’ со ‘Систина’ за некакви нечесни игри. Комбинациите правете си ги на ваша маса со ваши луѓе. Ние секогаш ќе стоиме на страна на фудбалерите, здравјето нивно за нас е најважно“, соопштија од Синдикатот на фудбалери.

    Првата фудбалска лига треба да продолжи на 14 јуни.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира