КЕНИЕЦОТ БИВОТ ПОБЕДНИК НА 14. СКОПСКИ МАРАТОН

    КЕНИЕЦОТ БИВОТ ПОБЕДНИК НА 14. СКОПСКИ МАРАТОНКениецот Еванс Кипкемои Бивот делницата долга 42 километри ја истрча со време од 2 часа, 14 минути и осум секунди.(Фото: СДК.МК)

    Каниецот Еванс Кипкемои Бивот е победник на 14. Скопскиот маратон. Тој делницата долга 42 километри ја истрча со време од 2 часа, 14 минути и осум секунди.

    Во полумаратонот од 21 километар најбрз беше нашиот атлетичар Дарио Ивановски кој имаше најбрзо време од 1 час, 10 минути и десет секудни.

    Покрај професионалните атлетичари, на маратонот учествуваат голем број граѓани, лица со хендикеп, како и мајки со колички и деца .(Фото: СДК.МК)

    Рекорден број од 10.000 натпреварувачи од 58 земји од 8.30 часот трчаат низ скопските улици на „Виз Ер Скопскиот маратон“. Покрај професионалните атлетичари, на маратонот учествуваат голем број граѓани, лица со хендикеп, како и мајки со колички и деца кои учествуваат во трката од 5 километри.

    Во  рамки на Скопскиот маратон вчера се одржа и Детски мини маратон во општина Аеродром. Партнер на Детскиот мини маратон е УНИЦЕФ.

    Маратонот ќе заврши околу 14 часот.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира