КОЈ ЌЕ ИЗГУБИ, ЌЕ ЈА ПЛАТИ СМЕТКАТА, СЛОВЕНЕЧКИОТ И СРПСКИОТ АМБАСАДОР ЗАЕДНО ГО ГЛЕДААТ КОШАРКАРСКОТО ФИНАЛЕ

    КОЈ ЌЕ ИЗГУБИ, ЌЕ ЈА ПЛАТИ СМЕТКАТА, СЛОВЕНЕЧКИОТ И СРПСКИОТ АМБАСАДОР ЗАЕДНО ГО ГЛЕДААТ КОШАРКАРСКОТО ФИНАЛЕ„Нека победи подобриот“, велат амбасадорите на финалистите на ЕП во кошарка. - Од лево кон десно: Тихомир Илиевски, Милан Јазбец, Душанка Дивјак-Томиќ, Владо Бучковски, Предраг Митровиќ (Фото: СДК.МК)

    Словенечката и српската амбасада во Скопје организираа заедничко следење на финалето на Европското првенство во кошарка меѓу нивните репрезентации во Истанбул. Српската амбасадорка Душанка Дивјак-Томиќ и словенечкиот амбасадор Милан Јазбец велат нека победи подобриот, но се договорија сметката на крај да ја плати амбaсадорот чија репрезентација ќе загуби.

    „Нека победи подобриот. Кој ќе биде порасположен за игра, тој ќе победи, а кој ќе изгуби ја плаќа сметката“, велат амбасадорите, кои се во скопското кафуле „Манда“.

    Таму се и црногорскиот амбасадоr Предраг Митровиќ, Тихомир Илиевски, како гостин од македонското МНР, и поранешниот премиер Владо Бучковски.

    Првата четвртина од финалето помина израмнето, со предност од само два поени за српските кошаркари.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира