ЛЕГЕНДАРНАТА СПУСТ ТРКА ВО ВЕНГЕН ОТКАЖАНА ОТКАКО БРИТАНСКИ ТУРИСТ ГО ПРОШИРИЛ НОВИОТ СОЈ НА КОРОНАВИРУС

    ЛЕГЕНДАРНАТА СПУСТ ТРКА ВО ВЕНГЕН ОТКАЖАНА ОТКАКО БРИТАНСКИ ТУРИСТ ГО ПРОШИРИЛ НОВИОТ СОЈ НА КОРОНАВИРУСЛауберхорн е најдолгата патека за спуст на светот (Фото: Гети)

    Британски турист е обвинет за ширење на коронавирусот во швајцарскиот ресорт Венген, што доведе до откажување на легендарната спуст трка на патеката Лауберхорн.

    Венген регистрираше само десет случаи на зараза до средина на декември, но бројките потоа почнале нагло да растат, што се поврзува со новиот, попренослив сој на коронавирус, што неодамна беше откриен во Велика Британија.

    Најмалку 27 случаи на зараза се поврзуваат со еден британски турист, кој престојувал во хотел во Венген за време на празнициите, кажаа властите.

    Лауберхорн е најдолгата патека за спуст на светот (4,3 километри), на која скијачите достигнуваат брзина од 160 километри на час. Организаторите очајнички се обидуваа да ја спасат трката, па ги затворија училиштата и понудија ресортот да биде отворен само за учесниците, но властите го одбија планот откако оваа недела повторно се зголеми бројот на заразени. На крајот беше одлучено трката да се пресели во австриски Флахау

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира