ЛЕО МЕСИ ЈА СКРШИ РАКАТА И ГО ПРОПУШТА ЕЛ КЛАСИКО

    ЛЕО МЕСИ ЈА СКРШИ РАКАТА И ГО ПРОПУШТА ЕЛ КЛАСИКОНа Лео Меси му претстои пауза од три недели (Фото: Гети)

    Лео Меси ќе го пропушти претстојното големо дерби со Реал Мадрид поради фрактура на раката, соопшти Барселона.

    Меси се повреди при незгоден пад во првото полувреме од вчерашниот натпревар со Севилја и сега му претстои пауза од три недели.

    „Тестовите покажаа дека Лео Меси има скршеница на радијалната коска во десната рака. Тој ќе биде надвор од терените околу три недели“, објави Барселона на Твитер.

    Освен Ел Класико, кое се игра на 28 октомври, Меси ќе пропушти уште пет натпревари во наредниот период, вклучувајќи го и двомечот со Интер во Лигата на шампионите.

    Бидејќи Кристијано Роналдо летоска премина во Јувентус, ова ќе биде прво Ел Класико од 2007 година во него да не играат ни Меси, ни Португалецот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира