Бразилскиот репрезентативец Алисон Бекер стана најскап голман на сите времиња, откако Рома ја прифати понудата на Ливерпул од 70 милиони евра.
Дваесет и петгодишниот Алисон, кој уште треба да ги договори личните услови со „црвените“, одигра две сезони во дресот на римјаните и беше првотимец на Бразил на Светското првенство во Русија. Ливерпул со него очекува да го реши со години најболното прашање во екипата, што кулминираше во финалето на Лигата на шампионите, кога Лорис Кариус направи две големи грешки.
Понудата на Ливерпул го надминува досегашниот светски рекорд, што го држеше Џиџи Буфон, кој во 2001 година премина од Парма во Јувентус за 53 милиони евра.
Рекордот на Премиерлигата беше трансферот на Едерсон во Манчестер сити од 40 милиони.