ЛИВЕРПУЛ ГО СОВЛАДА ТОТЕНХЕМ ЗА ШЕСТА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

    ЛИВЕРПУЛ ГО СОВЛАДА ТОТЕНХЕМ ЗА ШЕСТА ЕВРОПСКА ТИТУЛАДивок Ориги ги постави конечните 2:0 во финишот на средбата (Фото: АП)

    Ливерпул по шести пат ја освои титулата европски првак откако во англиското финале на Лигата на шампионите во Мадрид го совлада Тотенхем со 2:0. Ова е прв трофеј за Јирген Клоп откако го презеде клубот пред четири години и во исто време, ја прекина својата неславна низа од шест загубени финалиња.

    „Црвените“ поведоа уште во втората минута, преку Салах од белата точка и потоа несвојствено за свој стил на игра, му ја препуштија иницијативата на противникот, кој немаше никаков ефект од тоа во текот на целата средба.

    Неатрактивното финале беше решено на три минути до крајот, кога резервистот Дивок Ориги ги постави конечните 2:0 по еден корнер.

    Со шесте титули, Ливерпул се издвои од Баерн и Барселона и сега е третата најуспешна екипа во натпреварувањето, зад Милан со седум и Реал Мадрид со 13. За Тотенхем, ова беше прв настап во финалето.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари