ЛИВЕРПУЛ ЈА СЛАВЕШЕ ПРВАТА ШАМПИОНСКА ТИТУЛА ПО 30 ГОДИНИ И ПОКРАЈ РИЗИЦИТЕ ОД КОРОНАВИРУСОТ

    ЛИВЕРПУЛ ЈА СЛАВЕШЕ ПРВАТА ШАМПИОНСКА ТИТУЛА ПО 30 ГОДИНИ И ПОКРАЈ РИЗИЦИТЕ ОД КОРОНАВИРУСОТФановите прво се собраа пред стадионот, по што прославата се рашири низ цел град (Фото: Гети)

    Илјадници воодушевени фанови на Ливерпул ја поминаа ноќта на улица славејќи ја првата шампионска титула по 30 години пауза, во ситуација кога сѐ уште не е пожелно да се прават масовни јавни собири.

    Ливерпул ја потврди 19. титула, прва откако постои Премиерлигата, на седум кола до крајот на сезоната благодарение на синоќешната победа на Челзи над Манчестер сити со 2:1, што му обезбеди недостижна предност од 23 бодови.

    (Фото: Гети)

    Додека голема група навивачи беше собрана пред стадионот „Енфилд“, славејќи со запалени факели, заменик шефот на полицијата на Ливерпул Роб Карден предупреди дека регионот беше тешко погоден од епидемијата и дека жителите имаат одговорност да го спречат натамошното ширење на коронавирусот.

    Фановите почнаа да се собираат пред стадионот набргу откако стана јасно дека Ливерпул е нов шампион, по што прославата се рашири низ цел град. Градските власти им порачаа на фановите да имаат добра забава, но да ја почитуваат социјалната дистанца и да носат маска.

    „Немам зборови, ова е неверојатно, ова е над она што можев да го замислам. Јас не чекав 30 години, јас сум тука четири и пол години, но ова е навистина посебно постигнување, особено зашто имавме тримесечна пауза и не знаевме дали воопшто ќе продолжиме. Знам дека сега не можеме да прославиме како што би сакале, но ќе дојде време за тоа“, изјави тренерот Јирген Клоп.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира