ЛУИС ЕНРИКЕ ОБЈАВИ ДЕКА ЌЕРКА МУ ПОЧИНАЛА ОД РАК

    ЛУИС ЕНРИКЕ ОБЈАВИ ДЕКА ЌЕРКА МУ ПОЧИНАЛА ОД РАКДеветгодишната Сана пет месеци се борела со редок облик на рак на коски

    Поранешниот селектор на Шпанија и тренер на Барселона Луис Енрике ја објави тажната вест дека неговата деветгодишна ќерка починала од рак.

    Енрике во јуни ненадејно го напушти кормилото на шпанската репрезентација поради итна семејна ситуација, без да прецизира за што станува збор и шпанската јавност ја почитуваше неговата приватност.

    Неговата ќерка Сана пет месеци се борела со редок облик на рак на коски.

    „Нашата ќерка Сана почина ова утро по петмесечна интензивна борба со остеосаркома. Многу ќе ни недостига, но ќе се сеќаваме на неа секој ден од нашите животи. Ти ќе бидеш ѕвезда што ќе го води ова семејство“, соопшти Енрике на социјалните мрежи.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира