ЛУИС ХАМИЛТОН НА ЧЕКОР ДО ШУМАХЕР ОТКАКО ЈА ОСВОИ ШЕСТАТА ТИТУЛА ВО ФОРМУЛА 1

    ЛУИС ХАМИЛТОН НА ЧЕКОР ДО ШУМАХЕР ОТКАКО ЈА ОСВОИ ШЕСТАТА ТИТУЛА ВО ФОРМУЛА 1Со победата во Остин, Хамилтон го надмина легендарниот Хуан Мануел Фанџо (Фото: Гети)

    Луис Хамилтон дојде на чекор до рекордот на Михаел Шумахер откако ја освои шестата титула во Светското првенство во Формула 1.

    Британецот стана вториот најуспешен возач на сите времиња откако заврши како втор на трката за Големата награда на САД во Остин, за да го надмине Хуан Мануел Фанџо, кој освои пет титули во 1950-ите. Ален Прост е четврти на вечната листа со четири титули.

    Пресреќен сум, чест ми е што сум во друштвото на така големи имиња“, кажа Хамилтон, по што се осврна на можното израмнување на рекордот на Шумахер.

    Не знам до каде можам да одам, но како возач, сѐ уште се чувствувам многу свежо. Нема да се откажеме“.

    Хамилтон ја обезбеди титулата со десет победи во досега извозените 19 извозени трки. На две трки до крајот на сезоната, тој има 67 бодови повеќе од второпласираниот тимски колега од Мерцедес, Валтери Ботас.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира