МАКЕДОНИЈА ЈА ПОБЕДИ ГЕРМАНИЈА ВО КВАЛИФИКАЦИИТЕ ЗА МУНДИЈАЛОТ ВО КАТАР

    МАКЕДОНИЈА ЈА ПОБЕДИ ГЕРМАНИЈА ВО КВАЛИФИКАЦИИТЕ ЗА МУНДИЈАЛОТ ВО КАТАРМакедонија храбро му се спротивстави на четирикратниот светски првак

    Македонската фудбалска репрезентација ја оствари најспектакуларната победа во својата историја, откако на гостувањето во Дуизбург ја совлада Германија со 2:1 во квалификациите за Светското првенство 2022 во Катар.

    Избраниците на Игор Ангеловски храбро му се спротивставија на четирикратниот светски првак, кој воопшто не доминираше на теренот и единствениот гол го постигна од пенал.

    Македонија прво го шокираше големиот противник во дополнителните минути од првото полувреме, кога по една полуконтра, капитенот Пандев се најде сам пред голманот Тер Штеген. Гундоган израмни на 1:1 во 63. минута, реализирајќи го пеналот што го изнуди Сане, по што Германија имаше супершанса и за целосен пресврт, но Вернер не постигна гол од чиста позиција.

    Казната стигна во 85. минута, кога Елмас одлично ја искористи асистенцијата на Адеми за заслужен триумф на Македонија.

    По три одиграни кола, Македонија има шест бода, откако прво тесно изгуби од Романија во Букурешт (3:2), а потоа со високи 5:0 го победи Лихтенштајн во Скопје.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира