МАКЕДОНИЈА ПОБЕДИ ВО ИЗРАЕЛ, ПАНДЕВ СО ГОЛ ПО ДЕВЕТ ГОДИНИ

    МАКЕДОНИЈА ПОБЕДИ ВО ИЗРАЕЛ, ПАНДЕВ СО ГОЛ ПО ДЕВЕТ ГОДИНИГоран Пандев го прославува победоносниот гол на македонската фудбалска репрезентација во Хаифа. (Фото: Маарив)

    Горан Пандев постигна гол на квалификациски натпревар по девет години и ѝ донесе победа од 1:0 на македонската фудбалска репрезентација на гостувањето против Израел.

    Во Хаифа, напаѓачот на Џенова беше стрелец во 74.минута на асистенција на Елиф Елмас за втора победа на Македонија во квалификациите за Светското првенство во Русија следната година.

    Со шест бода, Македонија е петта во својата квалификациска група и има три помалку од Израел на четвртата позиција по седум кола. Веќе во вторник играме на домашен терен против Албанија.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари