МАКЕДОНСКИ НОВИНАР ГИ СПОИ ДИНО РАЃА И АЛЕКСАНДАР ЃОРЃЕВИЌ НА ПРЕМИЕРА ВО БЕЛГРАД

    МАКЕДОНСКИ НОВИНАР ГИ СПОИ ДИНО РАЃА И АЛЕКСАНДАР ЃОРЃЕВИЌ НА ПРЕМИЕРА ВО БЕЛГРАДУспеа да спои луѓе кои не се виделе 30 години. - Живко Здравковски со Дино Раѓа

    Златната генерација на југословенската кошарка повторно се собра во Белград триесет години по освојувањето на Светското младинско првенство, на кое што дури двапати ја победи репрезентацијата на САД.

    Поводот беше премиерата на филмот „250 скалила“, кој потсетува на успехот од Бормио (Италија) во 1987 година, но целата идеја потекнува од Македонија.

    Тој беше снимен според материјалите на поранешниот спортски новинар на „Скок“ и „Дневник“, Живко Здравковски, кој беше еден од гостите на премиерата, што се одржа во Југословенскиот драмски театар.

    Дел од оваа генерација беа и денес легендарните кошаркарски имиња Александар Ѓорѓевиќ, Тони Кукоч, Дино Раѓа и Владе Дивац, кои до златото ги предводеше селекторот Светислав Пешиќ.

    Генерација која двапати ги совлада САД на едно првенство. – Дел од златните кошаркари со селекторот Пешиќ (Фото: РАС Србија)

    „Од Пешиќ и од овие момци научив многу. Некои од нив не сум ги видел 30 години. Огромно задоволство ми е што сум тука, глупаво е што порано не се собравме“, призна Раѓа.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира