МАНЧЕСТЕР ГО ИЗБРКА РОНАЛДО ПО ИНТЕРВЈУТО ВО КОЕ ГО НАПАДНА КЛУБОТ

    МАНЧЕСТЕР ГО ИЗБРКА РОНАЛДО ПО ИНТЕРВЈУТО ВО КОЕ ГО НАПАДНА КЛУБОТВо интервју Роналдо кажа дека нема никаква почит кон тренерот Ерик тен Хаг (Фото: АП)

    Манчестер јунајтед објави дека Кристијано Роналдо веднаш ќе го напушти клубот. Одлуката беше донесена по контроверзното интервју во кое 37-годишниот Роналдо жестоко го нападна клубот и, меѓу другото, кажа дека нема никаква почит кон тренерот Ерик тен Хаг.

    Двете страни потврдија дека заминувањето на Роналдо е со заемна согласност.

    Роналдо изненадувачки се врати на „Олд Трафорд“ минатата година, откако тука претходно играше од 2003 до 2009. Тој падна во втор план откако за тренер беше доведен Тен Хаг и притоа тврдеше дека клубот му вршел притисок да си замине.

    Меѓу обвинувањата изнесени во интервјуто со Пирс Морган, Роналдо кажа дека управата не покажала емпатија по смртта на неговиот новороден син, дека сопствениците, семејството Глејзер, не се грижи за клубот и дека не го почитува тренерот Тен Хаг.

    По разговорите со Манчестер јунајтед, постигнавме заемна согласност за предвремен раскин на договорот. Ги сакам клубот и навивачите и тоа никогаш нема да се промени. Сепак, вистинско време е да се побара нов предизвик“, кажа Роналдо.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира