МЕ ПРАШУВАА ЗА СÈ И СЕШТО – ПЛАТИНИ ПУШТЕН ОД ПРИТВОР, ТВРДИ ДЕКА НЕ БИЛ УАПСЕН

    МЕ ПРАШУВАА ЗА СÈ И СЕШТО – ПЛАТИНИ ПУШТЕН ОД ПРИТВОР, ТВРДИ ДЕКА НЕ БИЛ УАПСЕНПлатини беше ослободен од притвор околу полноќ (Фото: Ројтерс)

    Поранешниот претседател на УЕФА Мишел Платини беше пуштен од притвор синоќа околу полноќ, откако бил испрашан од антикорупциските власти за доделувањето на организацијата на Светското првенство во 2022 година на Катар. Платини беше приведен вчера во париското предградие Нантер и потоа изјави дека испрашувањето траело долго.

    „Имајќи предвид колку прашања ми поставија и не можеше да биде кратко. Ме прашуваа за ЕП 2016, Светското првенство во Русија, Мундијалот во Катар, за ФИФА“, изјави Платини.

    Официјални лица веќе две години ја истражуваат можната корупција околу доделувањето на организацијата на светските првенства во 2018 и 2022 година, за што беше осомничен и бившиот претседател на ФИФА, Сеп Блатер. Адвокатите на Платини соопштија дека тој не бил уапсен, туку дека бил повикан во својство на сведок.

    „Тој мирно и прецизно одговори на сите прашања, вклучувајќи ги и оние за доделувањето на ЕП 2016 и даде корисни објаснувања. Тој нема никаква врска со овој настан“, рекоа адвокатите.

    Платини беше суспендиран од УЕФА во 2015 година, откако од Блатер примил недозволена исплата од два милиона франци.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира