Лео Меси постигна хет-трик во победата над Алжир од 3:0 и стана најдобриот стрелец во историјата на светските првенства, израмнувајќи го рекордот на Германецот Мирослав Клозе.
Аргентина ја почна одбраната на титулата на Светското првенство во САД, Канада и Мексико со убедлив настап против Алжир, а 38-годишниот Меси запиша нов рекорд во својата блескава кариера. Третиот гол на мечот беше неговиот 16-ти на светските првенства, колку што постигна и Клозе и дојде точно 20 години од неговиот прв погодок на мундијалската сцена.
„Да уживам во ова со моето семејство, моите соиграчи, со оние кои секогаш се тука, е навистина прекрасен момент. Се чувствувам добро. Благодарен сум им на навивачите, бидејќи уште еднаш покажаа дека Аргентина е луда по ова, повторно го наполнивме стадионот“, кажа Меси.
Меси, кој подоцна овој месец ќе наполни 39. години, истовремено го одигра 200. натпревар за аргентинската репрезентација, станувајќи првиот фудбалер со настап на шест светски првенства. Тој исто така е највозрасниот играч кој постигнал хет-трик на СП.
Меси ќе има можност да постави нов рекорд в понеделник, кога Аргентина се среќава со Австрија.



