МЕСИ ГО НАПУШТА ПСЖ НА КРАЈОТ НА СЕЗОНАТА

    МЕСИ ГО НАПУШТА ПСЖ НА КРАЈОТ НА СЕЗОНАТАМеси сметал дека ПСЖ нема капацитет да им конкурира на најдобрите европски клубови (Фото: Гети)

    Лео Меси ќе го напушти Пари Сен-Жермен на крајот на сезоната, кога му истекува договорот. Иако имало согласност за продолжување на престојот за уште една сезона, Меси и ПСЖ сега не сакаат да го потпишат тоа.

    Меси потпиша двегодишен договор кога дојде од Барселона во 2021, со опција за негово продолжување за уште една година, но тоа нема да биде активирано. Таткото на Меси го известил ПСЖ за ова уште пред неколку недели.

    Меси сметал дека буџетот на ПСЖ ќе биде ограничен следната сезона за да се испочитува финансискиот фер-плеј на ФИФА, што би можело да се одрази на квалитетот на екипата. Потврдата за заминувањето на Меси следува откако ПСЖ го суспендираше на две недели зашто без дозвола од клубот службено заминал во Саудиска Арабија.

    Барселона изразила желба да го врати Меси, но тоа можеби нема да биде изводливо поради финансиските проблеми во клубот, а интерес пројавиле и американскиот клуб Интер Мајами и Ал-Хилал од Саудиска Арабија, кој наводно му нуди 400 милиони евра.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира