МЕСИ НЕ УСПЕА УШТЕ ЕДНАШ СО АРГЕНТИНА, БРАЗИЛ ВО ФИНАЛЕТО НА КОПА АМЕРИКА

    МЕСИ НЕ УСПЕА УШТЕ ЕДНАШ СО АРГЕНТИНА, БРАЗИЛ ВО ФИНАЛЕТО НА КОПА АМЕРИКАИ од петти обид не успеа да ја освои Копа Америка. -Лео Меси (Фото: АП)

    Лео Меси пропушти уште една шанса да освои титула на репрезентативен план, откако Аргентина беше поразена од Бразил со 2:0 во полуфиналето на Копа Америка.

    Аргентина нема освоено голема титула веќе 26 години, а во ерата на Лео Меси загуби едно финале на светските првенства и три на Копа Америка (еднаш не успеа да го помине ни четвртфиналето).

    „Бразил не беше подобар од нас. Рано примивме гол, а вториот го дадоа по прекршок врз Серхио Агуеро што не беше досуден. Официјални лица проверуваа секакви глупости со ВАР, но не и во оваа ситуација, неверојатно. Тоа се случуваше во текот на целиот натпревар, при секој мал контакт судеа во полза во Бразил и тоа нѐ исфрли од такт. Мислам дека одигравме добар натпревар, а тие воопшто не беа супериорни“, изјави 32-годишниот Меси.

    Во неделното финале, Бразил ќе игра со подобриот од дуелот Чиле-Перу, додека на Меси и друштвото им останува борбата за бронзен медал.

    Единствената титула што Меси ја има освоено со Аргентина е од Олимписките игри 2008.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари