МЕСИ ПО ШЕСТИ ПАТ ИЗБРАН ЗА НАЈДОБАР СВЕТСКИ ФУДБАЛЕР

    МЕСИ ПО ШЕСТИ ПАТ ИЗБРАН ЗА НАЈДОБАР СВЕТСКИ ФУДБАЛЕРЛео Меси сега има една Златна топка повеќе од Роналдо (Фото: Гети)

    Лео Меси по шести пат е прогласен за најдобар светски фудбалер, иако Вирџил ван Дајк важеше за голем фаворит.

    Освен што стана шампион на Шпанија со Барселона, Меси ја заврши минатата сезона без голем трофеј и на клупски и на репрезентативен план, првенствено доминирајќи како голгетер. Тој беше најдобар стрелец во шпанското првенство и во Лигата на шампионите и ја освои Златната копачка на Европа.

    Меси ја освојуваше Златната топка на ФИФА и во 2009, 2010, 2011, 2012 и 2015 година и сега има еден трофеј повеќе од својот најголем ривал Кристијано Роналдо, кој заедно со Ван Дајк, беше во најтесниот избор.

    За фудбалерка на годината е избрана Меган Рапино, која ја предводеше селекцијата на САД до титулата на последното Светско првенство, каде што беше и МВП.

    Два трофеја одат за Ливерпул, откако Јирген Клоп и Алисон Бекер беа прогласени за најдобар тренер, односно голман.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира