МЕСИ ПОТПИША НОВ ДОГОВОР СО БАРСЕЛОНА СО ОТКУПНА КЛАУЗУЛА ОД 700 МИЛИОНИ ЕВРА

    МЕСИ ПОТПИША НОВ ДОГОВОР СО БАРСЕЛОНА СО ОТКУПНА КЛАУЗУЛА ОД 700 МИЛИОНИ ЕВРАОва е осми пат Меси да го обнови својот договор со Барса, а првото големо продолжување на договорот го имаше во 2005 година, кога имаше 18 години. (Фото: Барселона)

    Аргентинскиот фудбалер Лионел Меси денес потпиша нов договорот со лидерот во шпанската лига Барселона до 2021 година, со откупна клаузула од 700 милиони евра.

    Меси има понуди од целиот свет и Барса реагираше со нов договор за него, откако го изгуби Бразилецот Нејмар на стартот на сезоната кога Пари Сен-Жермен ја исплати клаузулата за откуп од рекордни 222 милиони евра. Сега, ако некој клуб сака да го купи Меси без согласност од Барселона, ќе треба да плати 700 милиони евра.

    „Барселона и Лионел Меси утрово потпишаа нов договор со кој што аргентинската суперѕвезда ќе остане во клубот до сезоната 2020/2021. Клаузулата за откуп е поставена на 700 милиони евра“, соопшти Барселона.

    Кога ќе истече новиот договор, 30-годишниот напаѓач ќе помине 17 години во првиот тим. Аргентинецот ѝ се приклучи на Барса на 13 години, а своето деби во тимот на официјален меч го имаше на 17 години. Аргентинската ѕвезда има постигнато 523 гола во 602 меча на Барса и има освоено 30 титули.

    Меси за шпанските медиуми изјави: „Долго време го очекувавме ова потпишување и денес го направивме. Среќен сум да ја продолжам мојата врска со клубот. Секогаш велам дека ова е мој дом и среќен сум да останам тука. Идејата е да си во можност да постигнуваш нови нешта, да освојуваш повеќе трофеи, и да создаваш историја со овој клуб. Успеавме да освоиме многу трофеи и се надевам дека многу други допрва ќе дојдат“.

    Клаузулата за откуп од 700 милиони евра по сè изгледа ќе им стави крај на можностите некој друг голем европски клуб, како што се Манчестер Сити или ПСЖ, да потпишат со Меси. Тој навести дека ќе остане во Барселона сè до пензионирањето: „Секогаш велев дека мој сон е да се пензионирам во Барселона, и ние сме на тој пат“.

    Ова е осми пат Меси да го обнови својот договор со Барса, а првото големо продолжување на договорот го имаше во 2005 година, кога имаше 18 години. Имаше и второ продолжување истата година, кога играше во тимот на Аргентина на Светското првенство за фудбалери до 20 години, и тогаш претседателот на Барселона Жоан Лапорта покажа интерес за својата тинејџерска ѕвезда.

    Во периодот меѓу чудо од момче и најдобар фудбалер на светот се случи и третото обновување на договорор во 2007 година, со откупна клаузула од 150 милиони евра. Во 2008 година кога Барселона го продаде Роналдињо, Меси стана најважниот играч во клубот. Кога Барселона го освои шампионскиот трофеј во 2009 година, имаше петти нов договор, а во 2012 година шести со клаузулата за откуп од 250 милиони евра. Последното обновување на договорот беше пред финалето на Светското првенство во 2014 година.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира