МЕСИ ПОТВРДИ ДЕКА ЌЕ ОСТАНЕ ВО БАРСЕЛОНА УШТЕ ЕДНА СЕЗОНА

    МЕСИ ПОТВРДИ ДЕКА ЌЕ ОСТАНЕ ВО БАРСЕЛОНА УШТЕ ЕДНА СЕЗОНАМеси призна дека веќе не бил среќен во Барселона, но сака да избегне судски спор (Фото: Гети)

    Лео Меси објави дека ќе остане во Барселона и наредната сезона, десет дена откако испрати писмено барање да му се дозволи да си замине како слободен играч.

    Клубот и шпанската лига кажаа дека тој може да замине само ако некој ја плати откупната клаузула од 700 милиони евра, што Меси тврдеше дека е истечена.

    „Мислев и бев сигурен дека можам да си заминам слободно. Претседателот секогаш кажуваше дека на крајот на сезоната ќе можам да решам дали ќе останам или ќе си одам. Тие сега се повикаа на фактот дека не сум го кажал тоа до 10 јуни, но на 10 јуни ние сѐ уште го игравме првенството, бидејќи коронавирусот ја измени целата сезона. Тоа е причината што и натаму останувам во клубот. Невозможно е некој да плати отштета од 700 милиони евра“, изјави Меси, чиј татко деновиве пристигна на преговори во Барселона.

    Тој призна дека веќе не бил среќен во клубот и затоа сакал да си замине, а одлуката ја донесол пред катастрофалниот пораз од Баерн од 2:8.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари