МЕСТО ШЕСТ, ОСКАР ПИСТОРИУС ДОБИ 13 ГОДИНИ ЗАТВОР ЗА УБИСТВОТО НА ДЕВОЈКА МУ

    МЕСТО ШЕСТ, ОСКАР ПИСТОРИУС ДОБИ 13 ГОДИНИ ЗАТВОР ЗА УБИСТВОТО НА ДЕВОЈКА МУИ новата казна е минималната што може да се добие за убиство во Јужна Африка. - Оскар Писториус (Фото: Ројтерс)

    Јужноафрикански суд му ја удвои затворската казна на параолимпиецот Оскар Писториус за убиството на девојка му, па тој ќе мора да одлежи 13 години и пет месеци.

    Обвинителите се жалеа дека првичната казна од шест години е „шокантно мала“.

    „Новата пресуда потврдува дека правда, сепак, постои“, изјави семејството на убиената Рева Стенкамп.

    Некогашната голема атлетска ѕвезда ја застрела Стенкамп на Денот на вљубените во 2013 година во нивниот дом во Преторија и потоа се бранеше дека ја заменил за провалник.

    Врховниот суд за апелации во Блумфонтејн сега му изрече 15 години затвор, што е минимална казна предвидена за убиство во Јужна Африка, одземајќи го времето што веќе го поминал зад решетки.

    Понискиот суд ја правдаше својата мала, шестгодишна казна со тоа дека Писториус покажал каење и одел на рехабилитација, занемарувајќи го фактот дека тој не испукал предупредувачки истрел.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира