И МУРИЊО ОБВИНЕТ ЗА ДАНОЧНА ИЗМАМА ВО ШПАНИЈА

    И МУРИЊО ОБВИНЕТ ЗА ДАНОЧНА ИЗМАМА ВО ШПАНИЈАЖозе Мурињо во 2011 и 2012 година беше тренер на шпанскиот клуб Реал Мадрид. (архивска фотографија)

    Шпанското обвинителство соопшти дека отворило случај против тренерот на Манчестер Јунајтед Жозе Мурињо за даночна измама во 2011 и 2012 година, кога беше тренер на Реал Мадрид.
    Мурињо, кој е Португалец, им должи на шпанските даночни власти 3,3 милиони евра, велат од шпанското обвинителство, додавајќи дека случајот бил доставен до суд во Мадрид.

    Во меѓувреме, од обвинителството потврдија дека фудбалерот на Реал Мадрид Кристијано Роналдо на 31 јули ќе сведочи во случајот против него, во кој што е обвинет дека затајувал данок.
    Лионел Меси од Барселона претходно беше осуден на условна затворска казна поради затајување данок.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира