НА 36 ГОДИНИ ФЕДЕРЕР СЕ ВРАЌА НА ПРВОТО МЕСТО НА АТП-ЛИСТАТА

    НА 36 ГОДИНИ ФЕДЕРЕР СЕ ВРАЌА НА ПРВОТО МЕСТО НА АТП-ЛИСТАТАПовторно на врвот по повеќе од пет години пауза. - Роже Федерер

    По повеќе од пет години пауза, Роже Федерер од понеделник повторно ќе се врати на првото место на АТП-листата, точно една година откако беше на 17. место.

    Тоа стана и официјално, откако го победи Робин Хасе со 4:6, 6:1, 6:1 во четвртфиналето на турнирот во Ротердам. Со 36 години, Швајцарецот ќе стане најстариот светски рекет број во историјата на тенисот, при што ќе го надмине досегашниот рекордер Андре Агаси, кој имаше 33 години.

    Федерер, кој заплака на столчето по завршувањето на мечот со Хасе, за првпат се искачи на врвот на АТП-листата во февруари 2004 година, но за последен пат таму беше во октомври 2012 година. Тој досега има 302 недели како број еден.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира