НА ФИНСКИОТ КРОС-КАНТРИ СКИЈАЧ ЛИНДХОЛМ МУ ЗАМРЗНА ПЕНИСОТ НА ОЛИМПИСКАТА ТРКА НА 50 КМ

    НА ФИНСКИОТ КРОС-КАНТРИ СКИЈАЧ ЛИНДХОЛМ МУ ЗАМРЗНА ПЕНИСОТ НА ОЛИМПИСКАТА ТРКА НА 50 КМРеми Линдхолм во крос-кантри трката на 50 километри. (Фото: Шатерсток)

    Трката во крос-кантри скијање на 50 километри на Олимпијадата во Пекинг беше скратена на 30 километри, но тоа не помогна многу на Финецот Реми Линдхолм, на кого му требаше топлина на крајот на трката за да одмрзне еден особено чувствителен дел од телото. Линдхолм за помалку од еден час и 16 минути ја мина патеката додека дуваше силен и многу студен ветер, што доведе до тоа што неговиот пенис да се замрзна по вторпат на скијачка трка, по сличен инцидент во Рука, Финска минатата година.

    „Можете да погодите кој дел од телото беше малку замрзнат кога завршив… ова беше еден од најлошите натпревари на кои сум бил“, изјави тој за финските медиуми. „Беше гола борба само да се помине“.

    Бидејќи организаторите беа загрижени дека ќе има смрзнатини кај скијачите на вчерашната трка, таа беше одложена за еден час и скратена за 20 километри. Тенките костуми и долните слоеви што ги носеа тркачите, како и наслагите за покривање на лицата и ушите, беа мала заштита.

    Линдхолм објасни дека користел топлинско пакување за да се обиде да го одмрзне пенисот откако трката заврши.

    „Кога деловите од телото почнаа да се загреваат по финишот, болката беше неподнослива“, додаде тој.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира