НА ГАЛИЧИЦА СЛЕДНИОТ МЕСЕЦ ЗА ПРВПАТ ЌЕ СЕ ТРЧА УЛТРАМАРАТОН ОД 107 КИЛОМЕТРИ

    НА ГАЛИЧИЦА СЛЕДНИОТ МЕСЕЦ ЗА ПРВПАТ ЌЕ СЕ ТРЧА УЛТРАМАРАТОН ОД 107 КИЛОМЕТРИНа ланскиот Охрид ултра-треил се трчаше на 15 и на 66 километри (Фото: Охрид ултра-треил)

    Второто издание на Охрид ултра-треил ќе се одржи од 18 до 20 септември, кога на Галичица за првпат ќе се трча и ултрамаратон од над 100 километри.

    Годинашниот настан ќе се состои од три трки во националниот парк Галичица: Летница треил во должина од 15 километри, Галичица ултра, на која ќе се трчаат 66 километри и најголемиот предизвик, 107 километри долгата Охрид ултра-треил. Таа почнува во стариот дел на Охрид на 18 септември во 23 часот, минува низ неколку села во пониските делови на Галичица и Свети Наум, потоа го следи главното било на планината и завршува во центарот на градот.

    Пријавувањето за учество трае до 7 септември.

    Охрид ултра-треил е организиран од здруженијата „ТРЕКС“ од Скопје и „Спорт за сите – сите за спорт“ од Охрид.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира