НАДАЛ ГО ПОБЕДИ ЃОКОВИЌ ВО РИМ И ЈА ОСВОИ РЕКОРДНАТА 34. МАСТЕРС ТИТУЛА

    НАДАЛ ГО ПОБЕДИ ЃОКОВИЌ ВО РИМ И ЈА ОСВОИ РЕКОРДНАТА 34. МАСТЕРС ТИТУЛАЗа 32-годишниот Надал, титулата во Рим е прва сезонава. (Фото: АТП)

    Рафаел Надал го победи Новак Ѓоковиќ во финалето на Мастерсот во Рим со 6:0, 4:6, 6:1. Со деветтата титула во Рим, светскиот рекет број 2 сега има рекордни 34 мастерс титули, една повеќе до српскиот тенисер.

    За 32-годишниот Надал, ова е прва титула сезонава. За Ѓоковиќ, кој сѐ уште води со 28:26 во меѓусебните дуели со Шпанецот, ова беше првпат да го изгуби првиот сет без освоен гем уште од четврт-финалето на Ролан Гарос во 2017 година.

    Надал дозволи само два брејка на турнирот во Рим, освојувајќи 41 од 43-те гема на свој сервис и спаси 13 од 15-те брејк поени со кои се соочи.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари