НАДАЛ ГО ПРЕДАДЕ ЧЕТВРТФИНАЛЕТО НА АВСТРАЛИЈА ОПЕН ПОРАДИ ПОВРЕДА

    НАДАЛ ГО ПРЕДАДЕ ЧЕТВРТФИНАЛЕТО НА АВСТРАЛИЈА ОПЕН ПОРАДИ ПОВРЕДАПроблемите за Надал почнаа во четвртиот сет кога побара медицински тајм-аут (Фото; Гети)

    Марин Чилиќ се пласираше во полуфиналето на Отвореното првенство на Австралија, откако Рафаел Надал му го предаде четвртфиналниот меч во петтиот сет поради повреда. Во тие моменти, Хрватот имаше водство од 2:0 во гемови.

    Шпанецот го побара првиот медицински тајм-аут во четвртиот сет, жалејќи се на болки во бутниот мускул.

    Иако уште пред почетокот на турнирот призна дека не е стопроцентно подготвен, Надал поведе со 2:1 во сетови против Чилиќ, но откако зеде пауза, веќе не можеше да се движи нормално на теренот.

    Ова е прва победа на Чилиќ над Надал од 2009 и негово прво полуфинале во Мелбурн од 2010 година. Таму ќе се сретне со големото изненадување Кајл Едмунд, кој претходно го исфрли третиот носител Григор Димитров.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира