НАДАЛ ПРОТИВ МЕДВЕДЕВ ЌЕ СЕ ОБИДЕ ДА СЕ ДОБЛИЖИ ДО РЕКОРДОТ НА ФЕДЕРЕР

    НАДАЛ ПРОТИВ МЕДВЕДЕВ ЌЕ СЕ ОБИДЕ ДА СЕ ДОБЛИЖИ ДО РЕКОРДОТ НА ФЕДЕРЕРРафаел Надал во Њујорк ја брка 19. гренд слем титула (Фото: Ју-Ес-Еј тудеј)

    Рафаел Надал ќе има можност дополнително да се доближи до рекордот на Роже Федерер откако се пласираше во своето петто финале на Отвореното првенство на САД.

    Триесет и тригодишниот Шпанец спаси две сет-топки во првиот сет, пред да го совлада десет години помладиот Италијанец Матео Беретини со 7:6, 6:4, 6:1, за кого ова полуфинале е најголем успех во кариерата.

    Надал ќе се бори за својата четврта титула на Ју-Ес опен против талентираниот Русин Данил Медведев, кој беше подобар од Григор Димитров со 7:6, 6:4 и 6:3, за да се пласира во своето прво гренд слем финале.

    Во исто време, Надал ќе ја брка својата 19 гренд слем титула воопшто, по што би му требала само уште една за да се израмни со рекордерот Федерер.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира