НАДАЛ СЕ ИЗРАМНИ СО ФЕДЕРЕР НА 20 ГРЕНД СЛЕМА ПО ПОБЕДАТА ПРОТИВ ЃОКОВИЌ НА РОЛАН ГАРОС

    НАДАЛ СЕ ИЗРАМНИ СО ФЕДЕРЕР НА 20 ГРЕНД СЛЕМА ПО ПОБЕДАТА ПРОТИВ ЃОКОВИЌ НА РОЛАН ГАРОСНа 34-годишниот Надал сега му недостасува една победа за да стане само четвртиот тенисер во историјата со 1.000 победи во кариерата. (Фото: АТП)

    Рафаел Надал неочекувано лесно ја освои рекордната 13. титула на Ролан Гарос на затворениот терен во Париз, совладувајќи го Новак Ѓоковиќ во финалето со 6:0, 6:2, 7:5. Со денешниот трофеј, шпанскиот тенисер се израмни со Швајцарецот Роџер Федерер и сега двајцата имаат по 20 гренд слем титули. Србинот Ѓоковиќ има 17.

    Победата на Надал над Ѓоковиќ во нивното деветто гренд слем финале беше негова прва победа над Србинот од мај 2019 година во финалето во Рим. На 34-годишниот Надал сега му недостасува една победа за да стане само четвртиот тенисер во историјата со 1.000 победи во кариерата, по Џими Конорс, Роџер Федерер и Иван Лендл.

    За Ѓоковиќ, ова беше само втор пораз годинава, прв по завршен меч.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира