НАДАЛ СЕ ПОВЛЕЧЕ ОД ПОЛУФИНАЛЕТО НА ВИМБЛДОН

    НАДАЛ СЕ ПОВЛЕЧЕ ОД ПОЛУФИНАЛЕТО НА ВИМБЛДОННадал кажа дека има скинат стомачен мускул (Фото: Гети)

    Рафаел Надал се повлече од полуфиналето на Вимблдон поради повреда на стомакот, овозможувајќи му на Ник Кирјос да игра во своето прво гренд слем финале.

    Освојувачот на Отвореното првенство на Австралија и на Ролан Гарос прими лекарски третман за време на четвртфиналниот дуел со Тејлор Фриц, но успеа со болки да стигне до победата во пет сета.

    Цел ден мислев каква одлука да донесам. Доколку играв, повредата очигледно ќе се влошеше. Немаше смисла да играм и тажен сум поради тоа“, кажа Надал.

    Тој потврди дека има скинат стомачен мускул, поради што не би можел да игра уште два меча на Вимблдон.

    Во неделното финале, Кирјос ќе игра со победникот од мечот Новак Ѓоковиќ-Камерон Нори.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира