НАДАЛ СЕ ВРАТИ НА ВРВОТ НА АТП-ЛИСТАТА ПО ТРИ ГОДИНИ

    НАДАЛ СЕ ВРАТИ НА ВРВОТ НА АТП-ЛИСТАТА ПО ТРИ ГОДИНИШпанскиот тенисер годинава го освои Ролан Гарос по рекорден 10. пат. (Фото: Ројтерс)

    Рафаел Надал се врати на првото место на АТП-листата по три години пауза, симнувајќи го од врвот Енди Мареј по 41 недела. Разликата помеѓу нив двајца сега изнесува неполни 500 бодови, но најголемата закана по Надал е Роже Федерер, кој има само пет бода помалку од Мареј.

    Ваквата разврска беше очекувана откако Федерер се повлече од Мастерс турнирот во Синсинати, каде што титулата ја освои Бугаринот Григор Димитров.
    Триесет и едногодишниот Шпанец првпат го освои врвот на светската тениска ранг-листа на 18 август 2008 година и, во меѓувреме, ја држеше оваа позиција вкупно 141 недела. Ова е веќе четврти пат во неговата кариера како го презема бројот еден.
    Станислас Вавринка е четврти, а Новак Ѓоковиќ петти.
    

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира