Најдобрата руска тенисерка Дарија Касаткина откри дека е лезбијка во видеоинтервју објавено на интернет. Касаткина, која се наоѓа на 12. место на ВТА-листата, кажа дека е во врска со девојка, уметничката лизгачка Наталија Забјако.
Дваесет и петгодишната Касаткина истовремено го осуди ставот кон хомосексуалците и ЛГБТ правата во Русија.
„Премногу теми се табу во Русија. Ако може да се бира, никој не би сакал да биде геј во Русија. Зошто би си го отежнувал животот? Нема смисла“, кажа Касаткина, која живее во Барселона.
Русија го усвои сегашниот закон против „геј пропагандата“ во 2013, кој ги забрани парадите на гордоста и овозможува да се затвораат геј активисти. Пратениците планираат да го прошират овој закон со целосна забрана на промоцијата на геј врските и на прикажувањето на ЛГБТ содржините во филмовите.