НАЈСТАРИОТ ФУДБАЛЕР ВО МАКЕДОНИЈА ИЛО НИКОЛОВ-МОТОРЕТКАТА НАПОЛНИ 100 ГОДИНИ

    НАЈСТАРИОТ ФУДБАЛЕР ВО МАКЕДОНИЈА ИЛО НИКОЛОВ-МОТОРЕТКАТА НАПОЛНИ 100 ГОДИНИИлија Николов рвппат со топката се сретнал во 1922, по што станал фудбалер на Беласица каде ја завршува кариерата во 1953, а бидејќи постојано трчал на фудбалските терени, струмичани го крстиле Моторетката. Својот 100. роденден го прослави во кругот на семејството, а од ФК Беласица доби дрес со негово име (Фото: СДК.МК)

    Ексфудбалерот на струмичка Беласица Илија Николов-Моторетката наполни 100 години и тој е најстариот жител во Македонија кој своевремено професионално играл фудбал. Првпат со топката се сретнал во 1922, по што станал фудбалер на Беласица каде ја завршува кариерата во 1953, а бидејќи постојано трчал на фудбалските терени, струмичани го крстиле Моторетката. Својот 100. роденден го прослави во кругот на семејството, а од ФК Беласица доби дрес со негово име.

    „Сакам спортот да ни оди само во нагорна линија, а јас да поживеам уште сто години“ рече Николов, кој вели дека веќе не е моторетка оти се движи со помош на бастун.

    „Игравме без пари од срце, секогаш пред полни трибини. Само Струмица имаше тревно игралиште. Сега се информирам за Беласица, а лани со Истатов бев и на Младост да ја гледам. Сега е поинаку, има стадиони ама публика нема. Верувам дека ќе се врати публиката и фудбалот ќе ни реди успех“, вели Ило Николов-Моторетката од Беласица (Фото: СДК.МК)

    Иако има еден век зад себе сепак не се откажува од спортот. Постојано е пред телевизија и следи фудбал, а последниве години сака да гледа тенис оти навива за Федерер.

    „Федерер е спортист кој е скромен и многу добро игра. Им пркоси на годините и повредите“, вели Николов кој тврди дека Струмица е расадник на квалитетни спортисти само треба да се инвестира во нив.

    Тој се присети како пеш оделе до Гевгелија за да играат фудбал, а со камиони до Битола, Струга, Скопје. Играле на земјени терени за да ја презентираат Беласица и Струмица и секогаш струмичките сино-бели биле во врвот на македонскиот фудбал.

    „Игравме без пари од срце, секогаш пред полни трибини. Само Струмица имаше тревно игралиште. Сега се информирам за Беласица, а лани со Истатов бев и на Младост да ја гледам. Сега е поинаку, има стадиони ама публика нема. Верувам дека ќе се врати публиката и фудбалот ќе ни реди успех“, вели Ило Николов-Моторетката од Беласица.

    В. ТРАЈКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира