НАВИВАЧКИТЕ ГРУПИ „ФАЛАНГА“ И „ЛОЗАРИ“ СЕ СТЕПАА ВО ЦЕНТАРОТ НА ШТИП И ГО БЛОКИРАА СООБРАЌАЈОТ ПОЛОВИНА ЧАС, ЕДЕН ПОЛИЦАЕЦ ПОВРЕДЕН

    НАВИВАЧКИТЕ ГРУПИ „ФАЛАНГА“ И „ЛОЗАРИ“ СЕ СТЕПАА ВО ЦЕНТАРОТ НА ШТИП И ГО БЛОКИРАА СООБРАЌАЈОТ ПОЛОВИНА ЧАС, ЕДЕН ПОЛИЦАЕЦ ПОВРЕДЕНШтипјани апелираа „лозари“ да не доаѓаат во Штип, но тие сепак пристигнале со свои автомобили (Фото: ТВ „М.Нет“)

    Навивачките групи „Фаланга“ и „Лозари“ предизвикаа масовна тепачка во Штип пред почетокот на второлигашкото фудбалско дерби помеѓу Брегалница и Тиквеш, поради што сообраќајот на главната улица покрај Градскиот стадион беше во прекин повеќе од половина час. Еден полицаец бил повреден.

    Штипјани апелираа „лозари“ да не доаѓаат во Штип, но тие пристигнале со свои автомобили за да не бидат блокирани од полицијата, која беше ставена на готовс, затоа што и Фудбалската федерација го прогласи овој натпревар за меч од висок ризик.

    Пред почетокот на натпреварот, на главната улица покрај стадионот на Брегалница, дошло до судир на двете навивачки групи. Кога навивачите на Брегалница тргнале кон стадионот од страната на тврдината Исар, од каде што обично ги гледаат натпреварите во периодот на коронакризата, зад грб им дошла група од педесетина „лозари“ од Кавадарци.

    Како што јавува регионалната телевизија „М.Нет“, која директно го пренесуваше дуелот помеѓу двете водечки екипи во Втората лига Исток, полицијата влегла меѓу двете завојувани навивачки групи и спречила поголем инцидент. Притоа бил повреден еден полицаец, кој бил погоден во глава со факел, а за малку ќе настрадала и телевизиската екипа, над чии глави летале петарди и други пиротехнички средства.

    СВР Штип најави комплетен и официјален извештај за утре.

    Т. ЈОВАНОВСКИ

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира