НБА соопшти дека сите натпревари во лигата се запрени на неодредено време откако кошаркар на Јута џез имал позитивен тест на коронавирус.
Ова беше соопштено непосредно пред почетокот на средбата Јута-Оклахома тандер. Раководството на лигата додаде дека заразениот играч не бил на натпреварот, а според непотврдени информации, станува збор за Руди Гобер.
„НБА ќе ја искористи оваа пауза за да ги утврди следните чекори во врска со пандемијата на КОВИД-19“, се вели во соопштението.
Пред да се суспендира лигата целосно, Голден стејт вориорс требаше да игра пред празни трибини против Бруклин нетс.