НЕ МИ ТРЕБА ИБРАХИМОВИЌ, КАЖА ШВЕДСКИОТ СЕЛЕКТОР ПО ПЛАСМАНОТ НА МУНДИЈАЛОТ

    НЕ МИ ТРЕБА ИБРАХИМОВИЌ, КАЖА ШВЕДСКИОТ СЕЛЕКТОР ПО ПЛАСМАНОТ НА МУНДИЈАЛОТШведска покажа дека може и без него. - Златан Ибрахимовиќ (Фото: Гети)

    Селекторот на фудбалската репрезентација на Шведска, Јане Андерсон, изјави дека нема намера да го враќа Златан Ибрахимовиќ во тимот, откако ова прашање неочекувано изби во прв план по нејзиниот пласман на Светското првенство 2018 во Русија.

    Шведска ја шокираше Италија во баражот и ќе игра на мундијал по пауза од 12 години, a шведските новинари потоа најмногу ги интересираше дали Ибрахимовиќ повторно ќе добие повик, што го изнервира селекторот Андерсон.

    „Ова е неверојатно! Тој играч престана да игра за Шведска пред година и пол, а ние сѐ уште зборуваме за него. Боже, ние треба да зборуваме за одличните играчи, кои моментално ги имаме во тимот. Кога Ибрахимовиќ беше во тимот, Шведска играше поинаков стил на фудбал, ова вечерва беше триумф на колективот. Тој е голем шампион, се повлече од репрезентацијата и Шведска, во меѓувреме, пронајде и негува поинаков стил на игра“, кажа Андерсон.

    Ибрахимовиќ (36) објави дека се повлекува од репрезентацијата по минатогодишното Европско првенство.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари