НЕ СУМ НИ ПОМИСЛИЛ ДА СЕ ПЕНЗИОНИРАМ, ВЕЛИ ФЕДЕРЕР КОЈ МУ СЕ ВРАЌА НА ТЕНИСОТ ПО 14-МЕСЕЧНА ПАУЗА

    НЕ СУМ НИ ПОМИСЛИЛ ДА СЕ ПЕНЗИОНИРАМ, ВЕЛИ ФЕДЕРЕР КОЈ МУ СЕ ВРАЌА НА ТЕНИСОТ ПО 14-МЕСЕЧНА ПАУЗА39-годишниот Федерер имаше две операции на десното колено минатата година. (Фото: Гети)

    Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер вели дека воопшто не размислувал за пензионирање за време на неговата 14-месечна пауза од тенисот и се враќа на терените затоа што смета дека приказната уште не е завршена.

    20-кратниот гренд слем победник неделава учествува на Катар Опен. Тоа ќе биде негов прв настап откако загуби од Новак Ѓоковиќ во полуфиналето на минатогодишниот Австралија Опен.

    „Знам дека ретко се случува 40-годишник да се врати по толку долга пауза. Најважно е што немам повреда, ниту болки“, кажа Федерер.

    39-годишниот Федерер имаше две операции на десното колено минатата година.

    „Сакам да се повлечам јас кога ќе сакам. Пензионирањето не беше опција. Чувствувам дека приказната уште не е завршена. Уште уживам во играњето тенис“, вели Швајцарецот.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира