НЕ ЗНАМ КОГА ЌЕ ИГРАМ ПОВТОРНО, КАЖА НАДАЛ ПО ПОРАЗОТ НА ЈУ-ЕС ОПЕН

    НЕ ЗНАМ КОГА ЌЕ ИГРАМ ПОВТОРНО, КАЖА НАДАЛ ПО ПОРАЗОТ НА ЈУ-ЕС ОПЕННадал имаше 22 победи по ред на гренд слем турнирите (Фото: АП)

    Рафаел Надал изјави дека не е сигурен кога повторно ќе игра откако изгуби во четвртото коло на Отвореното првенство на САД од домашниот тенисер Френсис Тијафоу. Тоа беше негов прв пораз на гренд слем турнирите оваа година, откако ги освои Отвореното првенство на Австралија и Ролан Гарос, а на Вимблдон самиот се повлече во полуфиналето поради повреда на стомакот.

    „Мора да се вратам, да средам некои работи, животот. А, потоа, не знам кога би се вратил. Ќе се обидам да бидам подготвен ментално. Кога ќе бидам спремен да се натпреварувам повторно, тогаш ќе се вратам“, изјави 36-годишниот Надал, чија сопруга е бремена.

    Тој е пријавен за настап на Лејвер купот во Лондон од 23 до 25 септември, каде што треба да игра со Роже Федерер, Новак Ѓоковиќ и Енди Мареј.

    Ју-Ес опен беше само втор турнир за Надал по Вимблдон, а на Мастерсот во Синсинати изгуби во првото коло од Борна Ќориќ.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира