НЕЈМАР ГО НАДМИНА ПЕЛЕ КАКО НАЈДОБАР ГОЛГЕТЕР НА БРАЗИЛСКАТА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА

    НЕЈМАР ГО НАДМИНА ПЕЛЕ КАКО НАЈДОБАР ГОЛГЕТЕР НА БРАЗИЛСКАТА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈАНејмар прима плакета од претседателот на Бразилската фудбалска федерација. (Фото: ЦБФ)

    Нејмар го надмина Пеле како најдобар стрелец на бразилската фудбалска репрезентација со двата гола во победата од 5:1 против Боливија ноќеска.

    31-годишниот напаѓач, кој влезе во квалификацискиот натпревар за Светското првенство израмнет со Пеле на 77 гола, промаши пенал, пред да ги постигне двата гола во второто полувреме од неговиот 125. настап за Бразил.

    „Никогаш не замислувам дека ќе го достигнам овој рекорд. Не сум подобар од Пеле или од кој било друг играч на националниот тим“, кажа Нејмар.

    Пеле, кој почина во декември на 82 години, постигна 77 гола на 92 натпревари помеѓу 1957 и 1972 година. Тој се смета за еден од најдобрите фудбалери на сите времиња.

    Нејмар стана најскапиот фудбалер на светот кога му се приклучи на ПСЖ од Барселона за 220 милиони евра во 2017 година. Летово си замина од францускиот тим за да му се приклучи на саудискиот тим Ал-Хилал.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира