НЕСТОРОВСКИ ПОТПИША ЗА УДИНЕЗЕ ОТКАКО ПАЛЕРМО БАНКРОТИРАШЕ

    НЕСТОРОВСКИ ПОТПИША ЗА УДИНЕЗЕ ОТКАКО ПАЛЕРМО БАНКРОТИРАШЕНесторовски потпиша тригодишен договор со Удинезе (Фото: Удинезе)

    Малата македонска колонија во Серија А стана побогата за Илија Несторовски, кој денеска потпиша тригодишен договор со Удинезе.

    Дваесет и деветгодишниот репрезентативен напаѓач стана слободен играч откако неговиот досегашен клуб Палермо банкротираше. Несторовски постигна 39 гола за три сезони во Палермо, останувајќи му верен на клубот и откако испадна во втората лига.

    „Несторовски е веќе докажан играч во Италија. Тој го избра нашиот клуб, иако имаше и неколку други, поголеми понуди и ние сме му благодарни за тоа“, изјави техничкиот директор на Удинезе, Пјерпаоло Марино.

    Несторовски пред три години дојде во Италија од хрватски Интер и одигра 99 средби за Палермо, кој неодамна беше исфрлен од Серија Б. Предводен од бившиот хрватски репрезентативец Игор Тудор, Удинезе ја заврши минатата сезона во Серија А на 12. место.

    Пред неколку дена, Елиф Елмас пристигна во Наполи.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари