НЕВАКЦИНИРАНИОТ ЃОКОВИЌ МОЖЕБИ НЕМА ДА СМЕЕ ДА ИГРА НА ЈУ-ЕС ОПЕН

    НЕВАКЦИНИРАНИОТ ЃОКОВИЌ МОЖЕБИ НЕМА ДА СМЕЕ ДА ИГРА НА ЈУ-ЕС ОПЕНСегашните правила на американската влада не му одат во прилог на Ѓоковиќ (Фото: Гети)

    Новак Ѓоковиќ можеби нема да може да игра на Ју-Ес опен откако организаторите кажаа дека мора да ги почитуваат правилата на американската влада за патување. САД бараат од сите странски државјани да бидат вакцинирани против ковид-19 ако сакаат да влезат во земјата.

    Ѓоковиќ призна дека не се вакцинирал поради што не му беше дозволено да игра на Отвореното првенство на Австралија.

    „Се надевам на добри вести“, кажа Ѓоковиќ за својот настап во Њујорк.

    Ју-Ес опен ќе се игра од 29 август до 11 септември. Името на Ѓоковиќ се најде на листата учесници, но тоа е само формално и не е потврда дека ќе настапи.

    „Ју-Ес опен не бара од играчите да бидат вакцинирани, но ќе го почитува ставот на американската влада во врска со патувањето на невакцинирани странски државјани“, соопштија организаторите.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира