НЕВАКЦИНИРАНИТЕ ИГРАЧИ НЕМА ДА МОЖАТ ДА НАСТАПАТ НА АВСТРАЛИЈА ОПЕН

    НЕВАКЦИНИРАНИТЕ ИГРАЧИ НЕМА ДА МОЖАТ ДА НАСТАПАТ НА АВСТРАЛИЈА ОПЕНБранителот на титулата Новак Ѓоковиќ одбива да го открие својот вакцинален статус (Фото: Гети)

    На невакцинираните тенисери и тенисерки нема да им биде дозволено да играат на Отвореното првенство на Австралија, потврди директорот на турнирот Крег Тајли. Ова следува откако во изминатиот период имаше контрадикторни изјави од водечките австралиски политичари.

    Бранителот на титулата Новак Ѓоковиќ досега одбиваше јавно да го обелодени својот вакцинален статус, но навести дека можеби нема да игра во Мелбурн.

    „Новак знае дека мора да биде вакциниран ако сака да игра. Ние би сакале да го имаме на турнирот“, кажа Тајли.

    Тој исто така потврди дека турнирот ќе се игра пред полни трибини од 17 до 30 јануари.

    Значителен број тенисери и тенисерки сѐ уште биле невакцинирани на крајот на октомври: 35% од машките играчи, додека Женската тениска асоцијација досега не ги објавила податоците.

    Австралија воведе некои од најстрогите ограничувања за патување за време на пандемијата. Минатата година, играчите и нивните тренери прво мораа да одат во 14-дневен карантин.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира